Свет
22. February 2022 - 14:37

Белата куќа ќе воведе дополнителни санкции за Русија

Белата куќа ќе воведе дополнителни санкции кон Русија во следните часови, изјави заменик-советникот за национална безбедност Џонатан Фајнер, откако рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на двете сепаратистички републики во источна Украина.

„САД ќе имаат свои значајни најави подоцна, вклучително и санкции што ќе ги воведеме како одговор на она што Русија го направи вчера“, рече Фајнер за време на неговиот говор во MSNBC.

Тој, исто така, понуди малку повеќе детали за дополнителните најави за санкции кои ќе пристигнат подоцна, сугерирајќи дека тоа би можело да ги запре сериозните санкции што ги предвидуваат САД, во очекување на „понатамошни дејствија“ од Русија.