Тенис
27. November 2015 - 11:03

Белгија и Велика Британија во борба за трофејот во Дејвис купот

Тениските репрезентации на Белгија и на Велика Британија од денеска до недела ќе играат во финалето на Дејвис купот во белгискиот град Гент во салата „Фландерс Експо“. Поради заканите од терористички напади во Брисел и Белгија мечевите ќе се играат од зголемени мерки на безбедност.

Инаку и двете селекции имаат шанса со освојувањето на пехарот да ја прекинат долгата низа години само на учество во ова натпреварување.
Британците немаат освоено титула од 1936 година и настапот на Фред Пери, а ќе го играат своето 10.то финале, додека домаќинот Белгија го игра своето второ финале, откако во првото во 1904 година загуби токму од истиот ривал - Велика Британија.
Мечевите ќе се играат на земјена подлога.
 
Распоред на мечеви:
петок (два сингл меча):
Давид Гофин -Кајл Едмунд
Рубен Бемелмамнс - Енди Мареј
сабота (меч во двојки):
Стив Дарцис/ Кимер Копејанс - Енди Мареј/ Џејми Мареј
недела (два сингл меча):
Давид Гофин - Енди Мареј
Рубен Бемелманс - Кајл Едмунд.
Селекторите на еден час пред почетокот на мечот можат да направат и промена на играчите.