Белгија со 1.298 нови случаи на коронавирус
Здравствените власти информираат дека се регистрирани нови 1298 случаи на позитивни на коронавирусот во Белгија, и потсетуваат дека реалната бројка е уште поголема бидејќи не се тестира масовно.
Бројката на заболени продолжува да расте, но и бројката на починати, во последните 24 часа се регистрирани 42 мртви, вкупниот број починати сега изнесува 220.
Властите оценуваат дека ова значајно зголемување на бројот на заразени се должи на нова построга дефиниција на инфекцијата, но и на фактот што мерките не се почитуваат доволно од страна на населението.
-Доколку не ги почитувате мерките, изолацијата ќе трае два пати подолго, ве повикуваме сите да продолжите со напорите и секој да преземе одговорност, да ја прифати ситуацијата и да се организира за да живее во оваа ситуација, изјави Беноа Рамакер, од кризниот центар за коронавирусот.
Ново на Сител
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено