Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
На М.С.(25), осомничена дека денеска на протестот во Нов Белград удрила девојка со автомобил, и е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде изведена во Вишото јавно обвинителство во Белград со кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Претходно, припадници на МВР, полициска станица Нов Белград ја уапсија М.С. поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство во обид.
Таа е осомничена дека денеска на улица „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград, додека управувала со „Ситроен“, удрила 25-годишна девојка, која е повредена и се наоѓа во Ургентниот центар.
Српските медиуми претходно јавија дека непознато женско лице удрило студентка на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.
Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запрела жена која се обидела да побегне.
Таа со својот автомобил ги удрила редарите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму, удирајќи уште неколку од нив.
Жената која го управувала автомобилот исфрлила настрана неколку полицајци, додека претходно на хаубата ја носела повредената девојка.
Во Србија денеска е генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, угостителски објекти, мали претпријатија, организации, како и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.
Граѓаните денеска се собираат во градовите низ Србија за да ги поддржат барањата на студентите.
Ново на Сител
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?