Белоруската полиција приведе уште 160 демонстранти кои протестираа против Лукашенко

Полицијата во Белорусија вчера приведе најмалку 160 демонстранти кои го повикаа претседателот на поранешната советска република Александар Лукашенко да поднесе оставка. Протестите ја тресат земјата шести месец по ред, односно по одржувањето на претседателските избори на 9 август, за кои меѓународната заедница оцени дека се манипулирани.
Според организациите за човекови права, од почетокот на протестите се приведени повеќе од 30.000 луѓе, а илјадници биле претепани, пренесува Анадолија. Насилството предизвика реакција на меѓународните организации, а САДи и Европската унија воведоа санкции кон белоруските официјални лица.
За време на вчерашните протести во Минск и во неколку други градови во Белорусија, стотици луѓе се собраа и маршираа по улиците, по што полицијата повторно спроведе репресивни мерки.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
