-->
-->
Бенитез: Новинарите се против Реал?!
-->
Тренерот на мадридски Реал, Рафаел Бенитез, оцени дека против клубот се води медиумска кампања и дека неговиот тим не игра лошо како што тоа се обидуваат тоа да го претстават медиумите.
„Постои кампања против претседателот, клубот и мене. Онаму каде што можат медиумите критикуваат, а кога немаат простор да го прават тоа, тогаш се служат со манипулации. Тоа сите можат да го видат“, изјавил Бенитез за британските медиуми.
Реал во среда на домашен терен ќе го одигра првенствениот натпревар против Реал Сосиедад, а во тој меч влегува по убедливата победа над Рајо Ваљекано (10:2) во минатото коло.
Интересно, и покрај таа победа, навивачите не се задоволни од начинот на кој игра Реал, а Бенитез особено беше на удар по убедливиот пораз од Барселона (0:4).
„Се преувеличуваат работите, јасно е дека јас имам големо тренерско искуство и знам како да останам фокусиран. Во тимот имам 24 фудбалери, доколку некој не игра тогаш веднаш се креира ситуација дека имам нешто против тој фудбалер. Екипата е многу подобра отколку што тоа луѓето го мислат“, рекол Бенитез потенцирајќи дека има одличен однос со своите фудбалери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди