Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста
Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,567 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,719 денари.
Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472 отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“
-
Судиска двојка: Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм