Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 92,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 89,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 87,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,261 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 53,848 денари.
Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,129 отсто и намалените кај дизелот за 0,958 отсто, како и за 0,223 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза