Бериша нема да оди на распит во судот, не сакал да го прекрши Уставот
Во првостепениот Специјален суд против организиран криминал и корупција во Тирана денеска треба да биде сослушан поранешниот премиер Сали Бериша за приватизацијата на спортскиот комплекс „Партизан“, но, тој од седиштето на Демократската партија порача дека „не може да оди“.
Додаде дека е „подготвен да оди кога и да го повикаат, но не може да го прекрши Уставот“ повикувајќи се на имунитетот што го има како пратеник.
-Сè додека овој закон е во согласност со Уставот, не можам да прифатам никаков компромис за негово прекршување. Подготвен сум да ги преземам сите правни чекори за одбрана на Уставот. Подготвен сум да се јавам да ме испрашуваат за што било, но не можам да го кршам Уставот. Не можеме различно да го толкуваме Уставот. Јас сум коректен, рече тој.
Бериша е под истрага на СПАК за обвинението за „пасивна корупција на функционер“, бидејќи како тогашен премиер помогнал во приватизацијата на спортскиот комплекс, во полза на зетот за ќерка, Јамабер Малтези, за што може да добие казна затвор во траење од четири до 12 години.
Малтези и Фатмир Бекташи, сопственик на градежна компанија се обвинети за корупција и перење пари, за што е предвидена затворска казна во траење од 5 до 15 години.
Судот, синоќа на Малтези, кој беше уапсен во саботата вечер на аеродромот во Тирана, му одреди мерка притвор, додека на Бакташи, мерка за редовно јавување во судот.
На просторот на некогашниот спортски комплекс се изградени 17 повеќекатници од што Малтези профитирал 5,4 милиони евра. Нему привремено му се конфискувани 16 станови, вила на море, шест банкарски сметки, како и акции во три фирми.
Ново на Сител
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
