-->
-->
Берлин очекува забавување на економскиот раст во Германија
-->

Економскиот раст на Германија ќе забави во вториот дел од 2016 година, објави денеска германското Федералното министерство за економија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Министерството, на намалување на економскиот раст влијаат ризиците на меѓународните пазари, што се зголемија поради одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија.
- Состојбата на германската економија е солидна, но стапката на раст ќе биде пониска во вториот дел од оваа година во споредба со првите шест месеци, се вели во месечниот извештај на германското Министерство за економија.
Во првиот квартал од 2016 година Германија забележа раст од 0,7 отсто, а во вториот растот изнесуваше 0,4 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
