Берлин се заложи за преодна влада во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер се заложи за преодна влада во Сирија и предложи посредување меѓу приврзаниците и противниците на дијалогот со сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Ако успеам да ги соберам сите главни играчи во регионот, Европа, САД и Русија, на заедничка маса, ќе значи дека се движиме кон формирање на преодна влада, а тоа би било голем успех, изјави Штајнмајер за германската телевизија А-Ер-Де.
Асад е важен за прекин на огнот во Сирија, но на долг рок мирната иднина на земјата не може да е поврзана со него, нагласи германскиот министер за надворешни работи, пренесува ТАСС.
Според Штајнмајер улогата на Русија во уредувањето на сириската криза може да се одрази позитивно на решавање на ситуацијата во Источна Украина. - Се надевам дека соработката со Русија по прашањето за Сирија ќе помогне да се направи чекор напред во украинскиот конфликт, изјави министерот.
Штајнмајер, сепак, смета дека не треба дејствијата на Москва за решавање на сириската криза да се разгледуваат во контекст на ситуацијата во Украина. - Јас не би ги мешал тие две нешта, нагласи Штајнмајер, повторувајќи го ставот на Германија дека санкциите кон Русија може да бидат повлечени само во случај на исполнување на договорот од Минск.
Ново на Сител
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
