Свет
22. August 2020 - 13:49

Берлинската клиника „Черити“ почна „обемни“ дијагностички тестови врз Навални

Берлинската болница „Черити“ денеска почна да спроведува „обемни“ дијагностички тестови врз рускиот дисидент Алексеј Навални, кој се наоѓа во кома, јави ДПА.

„По завршувањето на прегледите и по консултација со семејството, лекарите ќе дадат коментари за болеста и натамошните чекори на лекување. Испитувањата ќе потраат извесно време“, изјавија од болницата.

Навални, кој од четвртокот е во кома, утринава со медински авион пристигна во Берлин од сибирскиот град Омск.

Германската федерална Владаа „се надева дека третманот во клиниката „Черити“ ќе доведе до подобрување на неговата состојба и ќе овозможи негово целосно закрепнување“, рече портпаролот на владата.