Берни Сандерс го повика Конгресот да го блокира пакетот воена помош за Израел
Влијателниот американски сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел и ја осуди израелската воена кампања во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.
Сандерс, прогресивен еврејски пратеник од сојузната држава Вермонт, во објава на платформата Х кажа дека војната во Појасот Газа беше предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел е „грубо непропорционален, неморален и спротивен на меѓународното право“.
„Доста е. Даночните обврзници на САД повеќе не смеат да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, напиша Сандерс, пренесен од „Тајмс оф Израел“.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
