Бернс: Македонија е на позитивен пат што ветува

Американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс во своето прво новогодишно обраќање истакнува дека земјава минатата година ја завршила подготвена да ја реализира долгогодишната аспирација да стане членка на НАТО, дека се продлабочуваат односите со САД, а оти можностите за регионална интеграција се светли. Се зајакнува, вели, економијата на земјата, која, исто така, продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење. Но сепак, потенцира Бернс, остануваат уште многу работа и многу предизвици, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.
-Вашата земја ја заврши годината седејќи на маса со своите идни НАТО-сојузници во Лондон, подготвена на почетокот на 2020 година конечно да ја реализира долгогодишната аспирација да ѝ се приклучи на Алијансата, вели амбасадорката во видеото со новогодишното обраќање објавено на Твитер профилот на Американската амбасада во Скопје.
Таа вели дека во изминатава година се бележи продлабочување на билатералните односи со САД, споменувајќи го одржувањето на воената вежба „Одлучен удар“ и посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој, како што вели имал можност да изрази поддршка за земјата.
-Разгледувате нови можности со вашите соседи. Економијата зајакнува и расте и изгледите за идна регионална интеграција се светли. Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ имплементирајќи реформи кои се од клучно значење за да ѝ овозможат на земјата просперитет и напредок, вели Бернс.
Амбасадорката смета дека позицијата на земјава како регионален лидер на годишното рангирање на Светска банка за можностите за правење бизнис ги охрабрува странските инвеститори. Бернс завршува со порака дека остануваат уште многу предизвици и работа, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
-

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
-

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
