Берово со најниска тепература, Дојран најтопол
Утрово во Берово се измерени -5 степени целзиусови, во Скопје- Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица - 2, -1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Велес, нула во Скопје - Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка и Кавадарци, три на Попова Шапка, еден степен во Маврови Анови, Крушево и Виница, 2 во Гевгелија и 6 степени во Дојран.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време, информираа од УХМР. Утрово е сончево со мала локална облачност, а во Демир Капија има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од северен и западен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
