Берово во црно: Загина татко на три деца, додека сечел дрва, една бука паднала врз него
Педесетгодишен сечач на дрва од Берово денеска околу пладне го изгубил животот додека со пријателите сечеле дрва во шума над беровското село Владимирово.
- Несреќата се случила пред 12 часот, кога дрво бука паднало врз Д.М. роден 1967 година, при што лицето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш со возило на пријателите е транспортирано за Берово, а во меѓувреме е повикана и екипа на Итна медицинска служба која ги пресретнала по патот, а дежурниот лекар при извршениот преглед констатирал смрт на тешко повредениот сечач, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа истакна дека надлежните истражни органи попладнево се на лице место и вршат увид, но според првичните индиции, станува збор за несреќен случај.
Инаку, несреќниот сечач бил оженет и татко на три деца.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски