-->
-->
Беровските комунални работници започнаа со чистење на ѓубрето
-->
Беровските комунални работници денеска започнаа со чистење на ѓубрето кое се натрупа по контејнерите во градот како резултат на штрајкот на работниците од ЈПКД „Услуга“ од Берово поради неисплатени четири плати.
Како што истакна Зоран Ханџиски, член на Штрајкувачкиот одбор, денеска ќе се исчистат само контејнерите во градот и селските средини со цел да се одржат минимални услови на чистота што е и нивна законска обврска.
- Денеска ќе ги чистеме само контејнерите, согласно со законските одредби за одржување на чистотата, но не престануваме со штрајкот. Апелираме до граѓаните да имаат разбирање за оваа состојба и ветуваме дека кога ќе ги добиеме платите, за 24 часа ќе ја доведеме состојбата во нормала. Ние овде сме 81 работник и сите сме единствени и имаме само едно барање исплата на платите, рече Ханџиски.
Штрајкот на комуналните работници во Берово започна на 1 април, а работниците бараат исплата на заостанатите 4 плати и плаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Заради надминување на финансиските потешкотии на претпријатието, Советот на наредната седница ќе го донесе ребалансот на буџетот на Општината предложен од градоначалникот со кој претпријатието ќе биде субвенционирано со околу 3, 5 милиони денари.
Инаку, финансиската состојба на ова јавно претпријатие е подолго време критична. Претпријатието има стари и нови долгови во висина од над 30 милиони денари, информираат од Управниот одбор на претпријатието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип