Беса: Ние ќе гласаме, ДУИ се моли законот за ЈО да не се донесе
Движењето Беса ќе гласа за законот за јавно обвинителство, најави генералниот секретар Аријанит Хоџа на својот Фејсбук профил, откако Артан Груби од ДУИ ги повика партиите од албанскиот блок да го поддржат законот. Во својата реакција Хоџа го обвини Груби и неговите сопартијци дека глумат во јавност дека го поддржуваат законот, а всушност како што вели, се молат да не успее гласањето.
-Артан Груби повика Движењето БЕСА да гласа за нацрт-законот за Јавното обвинителство, додека според информациите што ги поседуваме ние некои пратеници на ДУИ се молат да не успее гласањето, бидејќи тие ги знаат последиците. Исто така,целата јавност знае дека ДУИ како и ВМРО не сакаат овој закон да се донесе, но меѓународните пријатели од САД и ЕУ јасно го кажаа својот став дека овој закон е усогласен и одобрен од нивните експерти, така што Артан Груби и ДУИ се обидуваат да го покриват сонцето со сита со своите повици што личат на таа изрека: „Барам работа, но му се молам на Бога да не најдам работа“. Движењето БЕСА ќе гласа за нацрт-законот бидејќи истиот закон по 12 април ќе овозможи сите тие што извршил криминал и корупција да завршат во затвор – напиша Хоџа на Фејсбук.
Пред неколку дена пак, пратеникот на Беса, Фадил Зендели, изјави дека нема да гласаат, бидејќи не биле консултирани за последната верзија на законот.
Ново на Сител
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен