Бесими и Оер потпишаа писмо за соработка

Вицепремиерот Фатмир Бесими денеска и амбасадорката на Франција Лоренс Оер денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања-СЕП потпишаа писмо за соработка.
Како што соопштија од СЕП, со писмото ќе се зајакне техничката соработка која веќе постои меѓу двете земји, како начин за подобрување на реформскиот процес поврзан со интеграцијата на земјата во Европската унија.
- Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања Бертранд Милет во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во натамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата. Соработката предвидува јакнење на институционалните капацитети, вклучувајќи ги ресорните министерства и управувањето на националните и регионалните ИПА фондови, со фокус на проектите за видливост, инфраструктура и интерконективност за целиот регион на Западен Балкан, се наведува во соопштението на СЕП.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
