Бесими: Отплатата на долгот ќе се врши од домашни и надворешни извори

Проектираниот дефицит и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари по основ на доспеани обврски, од кои половина е еврообврзницата од 2016 година, ќе се врши од домашни и надворешни извори.
Буџетскиот дефицит е околу 700 милиони евра од кои 250 милиони се за справување со последиците од енергетската криза кои зависно од потребите ќе се користат за поддршка на стопанството и граѓаните, 220 милиони се за отплата на камати и 250 милиони за изградба на Коридорот 8.
– Годинава, имаме три големи ставки. Ако не ги гледаме нив, трошиме помалку отколку што собираме од даноци. За плаќањето на камати за претходни долгови немаме избор и мораме да ги исплатиме, енергетската криза не е нешто што можеме ние да го контроилираме и за тоа мораме да одвоиме средства, а капиталната стратешка инвестиција на Коридорот 8 значи раст за нашата држава, подвлече Бесими на прес-конференцијата во Владата на која го презентираше Предлог-буџетот.
Посочи дека 110 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд треба да влезат во трезорот на Народната банка, а до мај следната година уште 170 милиони евра. Се очекуваат и 80-те милиони евра грант од Европската комисија, а во преговори сме и со Светската банка за добивање на средства преку развојна програма, но за ова бројката сеуште не е дефинирана.
Ново на Сител
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
