Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор евентуално за нови антикризни мерки
Преку реструктуирање на буџетот ќе се направи простор и за евентуални мерки кои ќе помогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може, ќе се крати со ребалансот, на кој веќе се работи, пишува во својата колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Тој посочува дека тековната криза е афтершок од пандемијата и како таква би требало да биде послаба од првичниот удар, како и дека основните сценарија на меѓународните финансиски организации за годинава предвидуваат раст за глобалната и домашната економија.
– Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите за степенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може – ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за нови реакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни, пишува Бесими.
Министерот за финансии посочува дека досегашниот одговор на Владата на тековната криза е еден од најсилните во регионот.
– Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори на кризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн. Нашата цел како Влада е да дадеме поддршка на граѓаните, на ранливите категории пред се, да го задржиме здравјето на економијата и да ја надминеме оваа криза, а потоа да се вратиме на патеката и целта кон која се стремиме – повисоки и одржливи стапки на економски раст, нагласува Бесими.
Министерот посочува дека војната во Украина, донесе една битна дилема за носителите на политиките. Соочени со кризи, како што вели, една после друга, а справени со предизвикот да не се отстапи од зацртаната амбиција за раст и развој, неизбежно се наметнува триаголникот во остварување на трите цели: справување со кризата, одржување на растот и фискална консолидација.
– Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка советуваат дека фискалната политика треба да се прилагоди согласно степенот на изложеноста на економија кон војната во Украина, состојбата со пандемијата и текот на закрепнувањето на економијата. Од една страна, поради неопходната фискална експанзија во многу земји во текот на пандемијата, долгот достигна рекордно високо ниво. Исто така, како резултат на реакцијата на централните банки на ценовните притисоци преку затегање на монетарната политика, владите се соочуваат со високи каматни стапки на пазарите на капитал. Сепак, потребата за консолидација не треба да ги спречи владите да дадат приоритет на соодветните мерки за поддршка на стандардот на ранливите категории на граѓани, чувствителни на ценовните притисоци и заштита на економијата, пишува министерот за финансии во својата колумна.
Тој посочува и дека од аспект на управувањето со јавните финансии за остварување на целите од неизбежниот триаголник се пристапува од трите страни на Буџетот: на страната на расходите со кратење и реприоритизација, на страната на приходите со реформи за поголема ефикасност и консолидација, и на страната на финансирањето со одржливи инструменти.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп: Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата на првиот ден на мандатот