Бесниот „Карпа“ ги поплука машките колеги од „Брзи и бесни“
Иако не сме навикнале на вакви јавни истапи на познатиот актер Двејн „The Rock“ Џонсон, се чини дека овојпат не можел да ја потисне својата лутина.
Познатиот актер, вчера со неговите повеќе од 62 милиони следбеници го сподели незадоволството од однесувањето на машките колеги од сетот на филмот „Брзи и бесни 8“, чија премиера се очекува во април 2017 година.
Четириесетичетири годишниот акер објави кратко видео со една од сцените од филмот, под кое напишал краток есеј каде изрази восхит за Јуниверзал студио и неговите женски колешки, но и незадоволство од машките колеги. Иако не се спомнуваат имиња, се работи за некои од следните актери: Вин Дизел, Џејсон Статам, Тајриз Гибсон, Лудакрис, Курт Расел и Скот Иствуд.
- Ова е мојата последна недела од снимањето на „Брзи и бесни 8“. Не постои ниту една друга франшиза заради која крвта вака ми врие. Екипата напорно работеше. Јуниверзал е добар партнер и моите колешки секогаш се прекрасни и ги сакам. Но, моите машки колеги се целосно друга приказна. Некои се однесуваат како вистински мажи и професионалци, но други не. Оние кои тоа не го прават се преголеми кукавици да направт нешто по тоа прашање. Кога ќе го видите филмот и ви се причини дека во некои делови не глумам, туку навистина сум бесен - во право сте, напиша Двејн.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија