„Бесплатна летна школа“ вторпат во универзитетската библиотека во Штип

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип вторпат го организира проектот „Бесплатна летна школа“. Од денеска посетителите, од кои најголем дел се ученици, ќе имаат можност во текот на летото да добијат знаења од неколку области.
- Ќе имаме часови по пијано, предавања за правата на децата, потоа за уметност, театар, музика, инстурменти, како и настава за односи со јавност и новинарство. Годинава имаме поддршка од Министерството за култура, откако лани имавме околу 40 учесници кои ја посетија школата со што проектот се покажа успешен. Оваа година имаме нови деца, нови ученици кои ќе добијат предзнаења од неколку области. Притоа, освен едукацијата, децата се дружат, развиваат пријателства и најважно од се - ја поттикнуваат својата креативност, рече Милена Ристова-Михајловска, директор на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип.
Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој присуствуваше на почетокот на проектот, истакна дека ова е позитивен пристап кон учениците.

- Овие деца ќе имаат можност да научат нешто во текот на летото, да се дружат и самиот факт што зад проектот застана и ресорното Министерство, доволно зборува за неговата вредност. Ваков вид на настава е позитивен за децата, со оглед на влијанието кое го имаат мобилните и компјутерите. Ова е интерсен начин како да се помине летниот распуст, да се стекнат знаења, а сепак да биде релаксирано и убаво, рече Захариев.
Штипската библиотека лани самостојно ја почна „Бесплатната летна школа“, а годинава издаде и публикација со содржините од наставата. Оваа година наставата ја посетуваат над 50 деца.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
