Бесплатни совети и прегледи од логопеди
Здружението „Интеракција плус“ од Скопје, од денеска до 12 септември ќе организира бесплатна „Логопедска недела“.
Сите заинтересирани може да добијат бесплатни прегледи и консултации во Логопедското студио „Интеракција плус“, кое се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје. За повеќе информации и закажување термини може да се јават на телефонските броеви 078/245-484 и 071/973-362.
„Интеракција плус“ почна и со подготовки на Водич за лица со посебни потреби, во соработка со издавачката куќа „Феникс“, која ќе објави и повеќе едукативни боенки, сликовници, прирачници и други полезни и неопходни изданија и материјали.
Хуманата акција ја реализираат повеќе дипломирани логопеди и дефектолози, со цел да им се излезе во пресрет и да им се помогне на лицата кои имаат логопедски проблеми. хс/бак/07:27
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас