Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани
– Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ на вкупно 300 социјално ранливи граѓани (150 мажи и 150 жени) ќе им овозможи бесплатни услуги – лекување и екстракција (вадење) на заби, дентални реставрации, ендодонтски третман, протетичка рехабилитација и флуор профилакса.
Пациентите најпрво ќе бидат индивидуално, темелно прегледани, а потоа ќе добијат и соодветни термини – кога точно да појдат на Клиниката за да им бидат изведени потребните зафати. Се работи за проект на Стоматолошкиот факултет што ќе се реализира со поддршка на Градот Скопје и во соработка со партнеритe – ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон’’ и „Интердентал“ Скопје.
Целта е санирање и постигнување оптимално орално здравје кај лицата од ранливите категории, подобрување на системското (општо) здравје, како и превенција, мотивација и едукација за правилна орална хигиена. Јавниот повик треба да биде објавен во август, но претходно ќе биде организирана негова промоција во сите скопски општини.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина
-
Леклер: Не сме доволно брзи и покрај подобрувањата на болидот