Бесплатно и анонимно тестирање за хепатитис Ц во ТЦ „Рамстор“ во Скопје

Бесплатно и анонимно тестирање за хепатитис Ц денеска во ТЦ „Рамстор мол“ во Скопје организира Здружението Хепар центар Битола, по повод Светскиот ден за борба против хепатитис.
Целта на настанот, како што информираат од Здружението, е подигнување на свесноста за борба против хепатитис Б и Ц, како јавноздравствен проблем на светско и на европско ниво. Кампањата продолжува во наредните денови во Битола, Охрид и во Струга. Настанот е поддржан од Министерството за здравство, Центарот за јавно здравје Битола, Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија и Црвениот крст.
Статистиките на глобално ниво покажуваат дека 80 отсто од инфицираните со хроничен хепатитис Б или Ц, доколку навремено не се третираат, може да добијат карцином на црниот дроб или малигно заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опасност по животот на пациентот, посочуваат од Хепар центар Битола.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
