Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, поточно од раскрсницата со „Тодор Чангов“ бр.10 до раскрсницата со „Ѓорги Капчев“ бр.25 во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „30“ и „Радишанска“ во Општина Бутел.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ во околината на казиното Астра во Карпош 4 и дел од корисниците на Долно Нерези во Општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
