Македонија
8. December 2015 - 8:45

Без струја дел од општина Аеродром

Жителите на булевар „3-та Македонска бригада“, подулица број 3,  во општина Аеродром, објектот на Средното училиште „Димитар Влахов“ и други стопански и нестопански објекти во околината на училиштето, утре од 8 до 14:30 часот ќе останат без струја.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-системот.