Без струја неколку скопски населби
Без снабдување со електрична енергија денеска ќе бидат улици во неколку скопски населби.
Како што соопшти РЦУК, поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 15.10.2024 година без струја ќе останат следните корисници: во период од 08.30ч до 11.00ч дел од ул. Методија Митевски објектите околу ОУ Исмаил Ќемали (Рајко Жинзифов), ОУ Исмаил Ќамали, ул. Никола Грчето, ул. Петар Ичко (o. Чаир).
Натаму, од 11.30ч до 14.30ч ул. Никола Малешевски, ул 7 Црвена Вода и ул. Сремски Фронт (о. Центар); од 09.30ч до 11.00ч дел од ул. Франце Прешерн (на почеток на улицата) (о. Ѓ. Петров); од 09.00ч до 14.00 часот корисниците на Горно Соње, дел од с. Соње и нас. Коштан (о. Сопиште)
Поради уличен дефект ф- 2 на ул. Тасино Чешмиче 5, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и градинката. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот (о. К. Вода).
Ново на Сител
-
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото бебе во Скопје
-
За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово
-
Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
-
Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено
-
Уапсено лице од Турција, барано од Интерпол
-
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-
Еуроњуз: Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа
-
Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта