Без струја утре дел од општините Илинден, Центар, Чаир и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Илинден, Центар, Чаир и Ѓорче Петров, информираат од РЦУК Скопје.
Од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Мршевци, како и корисниците од село Бујковци и Телеком во општина Илинден.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците„Диме Аницин“, „Роза Луксембург“, „Васил Антевски“ и „9-ти Мај“ во општина Центар.
Во соопштението од РЦУК Скопје е наведено дека од 09:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од реонот на Саат Кула во општина Чаир, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Загребска“ во општина Центар, а од 11:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улиците: 89, 91, 100 и 101 во село Волково, општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
