Македонија
27. November 2016 - 12:59

Без струја утре делови од Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Петровец и Чаир.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Партениј Зографски“, „Салвадор Аљенде“ и „Периша Савељиќ“ во општина Центар.

Од 8:30 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од „Макошпед“ – Шуто Оризари и бетонара „ЈОСИНГ“ во општина Шуто Оризари.

Без струја од 8:30 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од селата Дивље, Сушица, Живиње, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари и Чифлик во општина Петровец, а од 9 до 15 часот и корисниците од улицата „Дижонска“ - подулица „13“ во општина Чаир.

Како што информираше Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  прекинот е поради технички зафати во електромрежата. 

Ново на Сител