Македонија
26. May 2024 - 13:58

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош

Поради  технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре од 09:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата  „Крсто Раковски“, додека од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  улица бр. 103 во нас. Волково, во Општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, утре без струја од 10:00 до 13:00 часот, ќе бидат и корисниците на  улица „Кленоец“ бр. 69 и објектите во околината на ТИНЕКС-МАРКЕТ, во општина Карпош.