Без струја утре делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Кисела Вода
Без електрична енергија заради закажани технички зафати утре ќе останат делови од општините Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Кисела Вода, информираат од РЦУК Скопје.
Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Хелсинки во општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Томе Арсовски во општина Кисела Вода.
Како што информираат од РЦУК Скопје утре во периодот од 7:45 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Скупи броевите 6, 12, 20 и 22, од 11:30 до 12:00 часот корисниците од бунарите кај р. Лепенец и дел од ул. Скупи со броевите 12, 14, 20 и 22, а од 7:45 до 8:15 часот корисниците од бунарите кај р. Лепенец и дел од ул. Скупи со броевите 12, 14, 20 и 22 во општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово