-->
-->
Без струја утре делови од Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај
-->
Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Карпош и Сарај, информира РЦУК Скопје.
Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. „Саса“, ул. „Јабланица“, бул. „Борис Трајковски“, како и дел од ул. „1440“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Борис Кидрич“, ул. „Петар Ацеви“ и дел од ул. „Анастас Митрев“ во општините Центар и Кисела Вода.
Без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од објектите во рекреативниот центар „Езеро Треска“ во општина Сарај.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е заради технички зафати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија