Македонија
12. December 2016 - 11:31

Без струја утре делови од општините Аеродром и Сарај

Поради технички зафати во електро мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром и Сарај, информираат од РЦУК на Град Скопје.

Во време од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Лазар Димитровски“ и „Лав Толстој“, а од 11:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Добромир Хрс“ и „Лав Толстој“ во општина Аеродром.

Без струја од 9 до 15 часот утре ќе биде дел од селото Сарај, подулиците број 2, 4 и 10 како и околните подулички во општина Сарај.