Без струја утре повеќе делови на Скопје
Без електрична енергија утре во период од 8:30 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Востаничка“ кај Рептил Маркет во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја, исто така, во периодот од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Љубош, во општина Батинци.
Во периодот од 9:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од булевар „Мајка Тереза“ на потегот меѓу улиците „Боро Петрушевски“ и „Владимир Назор“, дел од корисниците од улица „Владимир Назор“ како и дуќаните на влезот во Клинички Центар, во општина Центар.
Без струја во периодот од 9:00 до 14:30 часот, ќе бидат корисниците од населба Крњево позади комплексот факултети, во општина Центар, а во периодот од 9:30 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Нов Живот“, „Виничка“, „Дринска“ и „Вашингтонска“, во општина Шуто Оризари, корисниците од улица „Лука Геров“ подулици број 12, 14 и 16, во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од село Долна Арнакија, во општина Сарај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет