Македонија
15. March 2017 - 11:10

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре во периодот од 08:05 до 09:30 часот ќе бидат корисниците од булевар „Партизански одреди“ број 32, 34, 35 и од 54 до 60, додека од 10:00 до 15:00 часот корисниците на дел од улица „50-та дивизија“, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-мрежата без електрична енергија утре во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе останат и корисниците на дел од село Кондово, а од 09:20 до 13:00 часот корисниците на дел од село Рашче, во општина Сарај.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Исаија Маџовски“, од 08:30 до 15:00 часот корисниците на дел од улица 7, додека од 11:30 до 14:30 часот корисниците на дел од улица „Македонска преродба“, во општина Ѓорче Пегров.

Без електрична енергија утре од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Брсјачка буна“, „Злетовска“ и „Нов живот“, во општина Шуто Оризари.

Од 09:00 до 13:00 часот без струја утре ќе останат корисниците од улица „Методија Шаторов Шарло“ број 5а, 7, 9 и 11, а од 00:20 до 12:00 часот корисниците на дел од улиците „23 Октоври“ и „Бојмија“, во општина Аеродром.