Македонија
23. February 2025 - 14:20

Без вода утре дел од Центар

Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Васил Стефановски“ бр 2,  утре без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Петар Поп Арсов“, „9-ти Мај“, „Роза Луксенбург“ и „Христо Смирненски“ во Општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.