Македонија
19. December 2019 - 22:02

Без вода жителите од „Трета македонска бригада“, водоснабдувањето ќе се нормализира по полноќ

Поради уличен дефект, жителите на „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром  од утрината немаат вода.

Од „Водовод и канализација“ вечерва за МИА изјавија дека се работи за поголем дефект и оти според последните информации од терен најверојатно жителите од овој дел на градот вода ќе добијат после полноќ.

Екипи на јавното претпријатие работат на терен за што побрзо да се санира дефектот.

Снабдувањето со вода во овој дел од градот е прекинато од утрината од 10 часот.