Безбол играчот Отани стана најплатен спортист во светот
Јапонската безбол ѕвезда Шохеј Отани потпиша договор со МЛБ лигашот Лос Анџелес доџерс и стана најплатен спортист во светски рамки.
Иако детали од договорот не се познати, американските медиуми наведуваат дека станува збор за сума од 700 милиони долари за десетгодишна верност со Лос Анџелес доџерс, што е рекорден износ во историјата на безболот и спортот воопшто.
„Одлучив да го изберам Доџерс за свој следен тим“, напиша на Инстаграм, Отани, кој првите шест сезони од својата кариерата во американската професионална безбол Лига МЛБ ги мина во редовите на Лос Анџелес енџелс.
Отани минатиот месец беше прогласен за најкорисен играч во МБЛ лигата и покрај повредите кои му ја прекинаа сезоната во 2023. Отани, воедно, е првиот играч во историјата кој два пати едногласно ја освоил титулата, откако беше избран за МВП и во 2021 година.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
-
Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел