Бездомник и пршол и ѝ побарал 1000 денари а причината за тоа ќе ве остави без текст

Како би реагирале вие ако ви пријде некој бездомник и ви побара 1000 денари? Маја Жробецка од Полска се нашла во таква ситуација и не се свртела да си замине.
Тргнала на шопинг во трговски центар, кога и пришол маж кој бил бездомник и и побарал 60 злоти (1000 ден). Таа застанала и го послушала, а тој и објаснил дека шинтери му го одвеле кучето, негов најверен пријател и дека му требаат парите за да го извади од таму.
Маја на почетокот не била сигурна дека мажот ја кажува вистината но му поверувала доволно за да му дозволи да влезе во нејзиниот автомобил и да го одведе до домот за напуштени и улични кучиња, каде дознала дека и ден претходно човекот се обидувал да си го земе кучето но не му дозволиле зошто немал 60 злоти.
-Платив и ми рекоа дека имам големо срце. Реакцијата на кучето кое се израдува на средбата со својот сопственик беше бесценета и ме направи горда што на некој начин можев да м помогнам на тој човек. Поуката од оваа случка сакам да ја пренесам на сите, да не бидеме така бесчуствителни спрема другите и да немаме предрасуди. Ова не е некоја голема работа, но е нешто што не прави да бидеме луѓе- напишала Маја на својот фејсбук профил.

Ново на Сител
-

Акција на Task Force: Прегледани 197 возила и 295 лица, пронајдени 79 пакувања дрога и „Глок 17“
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
-

Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
