-->
-->
Безрезервна поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО
-->
Поддршката на Турција за членство на Македонија во НАТО останува непроменета и силна, рече турскиот премиер Бинали Јилдирим на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Анкара.Освен со Јилдирим, Шекеринска се сретна и со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу кој потврди дека турската безрезервна поддршка за зачленување на Македонија во НАТО продолжува, а ќе биде искажана и на министерскиот состанок на Алијансата во април, како и на Самитот во Брисел во јули.
Како што соопшти Министерството за одбрана на РМ, Шекеринска се заблагодари за поддршката и истакна дека политиката на отворени врати на НАТО е многу важна за Македонија.
- Добриот збор, железни врати отвора. Го очекуваме и сметаме на вашиот добар збор, рече министерката.
Изрази надеж дека ситуацијата од 2008 година сега може да се промени.
- Работиме на домашните реформи и на решавањето на проблемите кои стојат на патот кон членство во НАТО, потенцира Шекеринска.
Македонија, дополни, стои зад заклучокот на Турција дека безбедноста на Македонија е важна за регионот и пошироко.
Средбите со премиерот Јилдирим и министерот за надворешни работи Чавушоглу ја заокружија официјалната посета на Шекеринска на Турција која почна со средба со домаќинот, министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли, на чија покана се реализираше престојот во Анкара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
