Кошарка
25. October 2016 - 9:24

БИБЛ: Кожув гостува во Тиват

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија попладнево го играат третиот натпревар од групата во БИБЛ лигата и тоа на гостински терен против Теодо од Тиват. Избраниците на тренерот Врбица Стефанов ќе се обидат да стигнат до втората победа откако по двата одиграни натпревара во Гевгелија имаат една победа (Башкими) и еден пораз (Теодо).

Почетокот на дуелот е во 18:30 часот.
Од македонските екипи во ова регионално натпреварување утре тимот на Фени Индустри во Кавадарци ја пречекува Трепча.