-->
-->
Библиско невреме ја погоди Кенија: Пукна брана, водата однесе најмалку 27 животи
-->
Најмалку 27 лица загинаа во кенискиот град Солај кога после повеќенеделни обилни врнежи дожд пукна брана, сооштија денеска локалните власти.
Стотици куќи се уништени, а повеќе стотици луѓе морале да ги напуштат своите домови.
- Пронајдовме тела на 27 лица, а многумина се водат како исчезнати. Ова е катастрофа, изјави шефот на локалната полиција Џозеф Киоко.
Браната пукна синоќа во Солај во областа Накуру, на 190 километри северозападно од Најроби.
Кенискиот Црвен крст и службата за вонредни ситуации досега спасиле околу 40 лица и ги префрлиле во болница.
Се стравува дека многу луѓе се уште се заробени во калта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот