БиХ и Турција на највисоко ниво ги кренаа мерките за безбедност по трагедијата во Ница
Босна и Херцеговина и Турција на највисоко ниво ги кренаа мерките за безбедност по крвавиот напад во Ница, пренесе Танјуг.
Директорот на дирекцијата за координација на полициските служби во Босна и Херцеговина, Мирсад Вилиќ, информира дека засилените мерки за безбедност биле воведени веднаш по добивањето на информацијата за синоќешниот напад во Ница.
-Оддржуваме постојан контакт со полицискиот претставник во француската амбасада во Босна и Херцеговина, рече Вилиќ.
И турската полиција ги засилила мерките за безбедност низ градовите по синоќешниот атентат во Ница, во кој камион покоси мноштво луѓе, кои на улица го чествуваа Денот на Бастиља, и притоа уби најмалку 84 лица, пренесе турската телевизија НТВ.
Истанбулските полицајци детално ги проверуваат граѓаните кои влегуваат во метрото. Засилени се мерките за безбедност и на аеродромот „Ататурк“, каде припадниците на редот ги претресуваат чантите и куферите на патниците. Околу аеродромот се разместени и полицајци на специјалните единици.
Анкара, исто така, е под тревога. Булеварите и улиците што водат до амбасадите на многу земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и САД, се бликирани со полициски прегради. Полицајците изведуваат и почести проверки на различни точки во градот.
До највисоко ниво се кренати и мерките за безбедност на аеродромот во Анталија. Се проверуваат сите автомобили, што влегуваат во реонот на аеродромот. Заради зголемените мерки за безбедност формирана е долга редица од автомобили на влезот на аеродромот.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија