БиХ ќе аплицира за членство во ЕУ на почетокот на 2016
Босна и Херцеговина планира на почетокот на 2016 година да поднесе официјално барање за прием во ЕУ, информираа членовите на босанското Претседателство на средба во Сараево со високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко.
Како што јави ФЕНА, главна тема на синоќешната средба на членовите на Претседателството на БиХ со Инцко биле политичко-економската состојба во земјата и активностите за исполнување на условите за членство на Сараево во ЕУ и НАТО.
Членовоте на Претседателството во разговорите истакнале оти нивни заеднички став е дека треба да се работи на донесување одлуки во интерес на напредокот на БиХ и за исполнување на условите за поднесување апликација за членство на земјата во ЕУ.
Тројцата членови на Претседателството нагласиле и дека имаат јасна определба да работат на унапредување на полиитчко-економската состојба во земјата.
Ново на Сител
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај