-->
-->
БиХ: Од почетокот на годината пристигнале 21.000 мигранти
-->
Босна и Херцеговина се соочува со се поголем број мигранти, а во Унско-санскиот кантон од почетокот на годината пристигнале 21.000 мигранти, изјави кантоналниот министер за внатрешни работи Нермин Кљајиќ.
Тој укажува дека, според показателите, бројот на мигрантите се зголемува во споредба со минатата година.
– Имаме поголем број мигранти во текот на првите седум месеци од годинава отколку во цела 2018 година. Повеќето пристигнуваат од Пакистан, Авганистан и Мароко, истакна Кљајиќ.
Според него, многу е поголем бројот на мигранти кои се надвор од прифатните центри.
Кљајиќ предупредува дека ситуацијата се влошува од ден на ден, а грижата околу исхраната и здравствената нега им се препуштени на меѓународните организации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата