БиХ се подготвува за наплив од мигранти
Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ денеска соопшти дека властите во неговата земја се подготвуваат за можен наплив од мигранти, откако Унгарија соопшти дека ќе ги затвори своите граници за бегалци, пренесе ТАСС.
Мектиќ изјави дека босанската Влада подготвува план за реакција во случај затворањето на унгарските граници да доведе до промена во маршрута на мигрантите кон Западна Европа, и ако се земат предвид и факторите кои можат да го дестабилизираат Западен Балкан.
-Ни претстои зимска сезона и бегалците нема да можат да останат во импровизираните прифатни центри. Има и сериозни знаци дека Унгарија ќе го затвори коридорот и тогаш тие ќе тргнат кон Босна и Херцеговина, изјави Мектиќ во Сараево.
Министерот, исто така, изјави дека е невозможно да се предвиди за каков број мигранти може да стане збор, но босанските власти се должни да преземат мерки од хуманитарен аспект и за гарантирање на безбедноста.
Мектиќ подвлече дека ниту Босна и Херцеговина, ниту другите држави во Западен Балкан можат да го решат проблемот со бегалците и затоа од ЕУ се очекува конечното решение на проблемот.
-Ние сакаме да бидеме дел од тоа решение, но не гледам можност да можеме да ги решиме проблемите на 200-300 илјади или половина милион бегалци, рече босанскиот министер.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување