Бил Гејтс смета дека пандемијата ќе заврши во текот на 2022 година
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејт, новиот омикрон сој на корона вирусот го нарече „загрижувачки“, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.
Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.
„Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковид-19“, напиша тој на блогот.
Тој призна дека и покрај примената на вакцините против корона вирусот годинава од Ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата, и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал.
Тој се осврна и на појавата на сојот омикрон оценувајќи го како „загрижувачки“, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно“.
Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментов е четвртиот најбогат човек во светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет