Свет
7. October 2016 - 15:33

Бил мета на 11 атентати: Еве како се обидувале да го убијат Путин

По доаѓањето на власт во 2000-та, рускиот претседател Владимир Путин најмалку 11 пати бил на мета на атентатори.
 
Руските безбедносни служби имено признале дека имало толку обиди за негово убиство. Меѓутоа, се верува дека тој број бил далеку поголем, а се шпекулира дека и првиот човек на Русија бил на мета на почетокот на септември, кога во срцето на Москва се случи сообраќајна несреќа во која настрадал еден од неговите најблиски возачи.
 
Со оглед на тоа што сообраќајката се случи под се уште неразјаснети околности, кога црн Мерцедес ненадејно свртил во спротивната лента и удри во БМВ-то на Советот на Федерацијата, се шпекулираше дека всушност станува збор за обид за атентат на Путин. Некои аналитичари тврдат дека постои можност тоа да биде само порака за предупредување на лидерот на Русија, кој многу пати изјавуваше дека не се плаши од тие кои што работат да го видат мртов.
 
 
Како што откриваат руските разузнавачки служби, првиот обид за атентат на Владимир Путин се случил во Санкт Петербург во 2010-та година за време на погребот на неговиот ментор Антолиј Собчак.
 
Потоа четворица Чеченци и неколку мажи од Блискиот исток кои наводно планирале атентат над Путин биле уапсени во август 2000-та година за време на самитот во Јалта. Две години подоцна, Чеченецот Кјанан Ростам се обидел да го убие Путин во Азербејџан.
 
 
Во ноември 2002-ра година на патот Рублево-Успенскоје на кој што требало да помине Путин со својата делегација биле поставени 40 килограми експлозив. Иван Заицев, ментално болен човек, се обидел да влезе во Кремљ и да му ја отсече главата на Путин затоа што верувал дека е германски шпион кој во Русија сака да го донесе нацизмот.
 
Потоа во 2003-та година руската разузнавачка служба открива дека било планирано Путин да биде разнесен со бомба. Имено, на автопатот кој ги поврзува Санкт Петербург и Псков во јуни 2003-та година била откриена бомба од рачна изработка само неколку часа пред на истото место да помине Путин со својата делегација.
 
 
Британски Sunday Times открива дека Скотланд Јард спречиле двајца Руси во октомври 2003-та година да го убијат Путин во знак за одмазда за смртта на критичарот на Кремљ, Александар Литвиненко. Еден од обидите за атентат бил со помош на дрон. Поранешниот чиновник на „Ростроја“, Игор Пузанов е осуден на девет години затворска казна затоа што имал намера да го убие Путин така што со дрон сакал да фрли експлозив на неговиот автомобил.
 
Снајперист на денот на изборот на Руската служба во 2008-ма година планирал да го убие Путин на Црвениот плоштад. Тогаш навреме бил уапсен Таџикистанец кој изнајмил стан на Црвениот плоштад само неколку часа пред Путин да им се обрати на насобраните луѓе.
 
Во февруари 2012-та година, уапсен е Адам Осмајев на истокот на Украина затоа што планирал да го убие претседателот на Русија со напад на колоната на возила во која што бил Путин. И исламистите исто така сакаат да го видат Путин мртов. Руските и украинските тајни служби на 27-ми февруари 2012-та година објавија дека е спречен обид за атентат на Путин. Атентатот тогаш бил планиран на 4-ти март, а експлозив бил поставен на патот по кој што требало да помине автомобилот на Путин.